Фенербахче два пати во три дена успеа да слави на гостувањето во Атина против Панатинаикос во Евролигата. Слатки победи и за Перо Антиќ, кој најголемите успеси во својата кариера ги одбележа во дресот на Олимпијакос. Па, токму затоа и сосема очекувано не е омилен кај навивачите на Панатинаикос од кои доби свирежи и по конфликтот со Синглтон.
Перо Антиќ, јасно е дека не сака „зелено“, а конфликтот со Крис Синглтон само беше дополнителна мотивација за него…
„Навивачите ми се лути, ние имаме минато и тоа е нормално. Сепак, јас сакам да играм вакви натпревари, свирежите само уште повеќе ме мотивираат“ – истакна Антиќ, по мечот не криејќи го разочарувањето од односот на раководството на Панатинаикос и навредите кон него од челниците на грчкиот клуб.
„Видовме како бевме третирани од страна на претседателот на ПАО и неговите најблиски пријатели и соработници. Ќе дојдат во Истанбул и ќе видат како треба да се третираат гости“ – порача Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА