Нејмар дефинитивно ќе го пропушти неделното „Ел Класико“ откако Шпанската Фудбалска Федерација ја одби жалбата на Барселона по суспензијата на бразилскиот голгетер.Нејмар беше казнет со три меча неиграње по црвениот картон заработен на гостувањето против Малага, еден за двата жолти картони и два натпревари суспензија за навредите кон судиите при напуштањето на теренот. Тој одлежи еден меч од казната на саботниот дуел со Реал Сосиедад, но надежите дека Нејамр би можел да биде помилуван денека дефинитивно исчезнаа откако Шпанската Фудбалска Федерација ја одби жалбата на каталонскиот гигант.Како што стојат работите, местото на Нејмар во нападот на Барса на „Сантијаго Бернабеу“ ќе му припадне на Пако Алкасер, со оглед на фактот дека Арда Туран се уште се мачи со незгодна повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА