Грнчаров: Вардар за Шкендија е Реал Мадрид, секаде си ги тепа…

Вардар запиша пирова победа од 0-1 на гостувањето против Шкендија во Тетово на реванш пресметката од полуфиналето во Купот на Македонија, сепак на крајот, по оние 1-3 за Шкендија од Скопје, останувајќи без финалето во најмасовното домашно клупско натпреварување.

Капитенот на „вардарци“ Бобан Грнчаров предвреме го заврши дуелот по инцидентот со Ферхан Хасани и исклучувањето во 32. минута… Но, но во првата своја реакција по мечот, сепак, е задоволен што неговиот тим извојувал победа во Тетово потенцирајќи дека е подобар тим од Шкендија оваа сезона…

„Затоа Вардар за вас е Реал Мадрид, кај фати си ги, тепај си ги“ – напиша Бобан Грнчаров на својот фејсбук профил веднаш по мечот во Тетово.

grncarov

За Вардар сега останува првенството и патот кон новата шампионска титула, со оглед на тоа што има предност од 11 бода пред Шкендија во пресрет на последниот круг натпревари во шампионатот.

Се вчитува...