Анкета на ЕХФ: Вардарки трети фаворитки за титулата на Ф4

Ракометарките на Вардар се трети фаворитки за освојување на титулата на Ф4 турнирот што ќе се одржи во Будимпешта на 6/7 мај. Ова е одговор од анкетата што ја спроведе ЕХФ во изминатиот период, а беше објавена непосредно пред денешниот ждреб во унгарската престолнина, каде Вардар беше претставуван од Словенката Тамара Мавсар.

На прашањето „Кој тим ќе биде победник на Ф4 турнирот во Будимпешта?“, вардарки добија 26% од гласовите. Со тоа важат за трети фаворитки, а пред нив се актуелниот првак, романскиот тим ЧСМ Букурешт (28%), со кого повторно ќе се сретнат во полуфиналето, и унгарскиот клуб Ѓер, кој доби 37% од гласовите. Најмали шанси (10%) за да станат шампионки им се даваат на ракометарките на Будуќност.

Според ждребот, Вардар на 6.мај ќе ги одмери силите со ЧСМ Букурешт, а Ѓер ќе игра против Будуќност.

Се вчитува...