Нокаут фазата од Евролигата и официјално ќе стартува денеска, а газдата на Панатинаикос знае како да ги мотивира своите кошаркари пред пресметките со европскиот вицешампион Фенербахче. Грчките медиуми информираат дека првиот човек на ПАО, Димитрис Јанакопулос го посетил вчерашниот тренинг на својата екипа, ветувајќи им богати премии на своите кошаркари доколку стигнат до Ф4 турнирот во Истанбул.
„Јанакопулос сака по пет години пауза повторно да го види ПАО на еден фајналфор турнир. Затоа и се реши за богати премии во висина од 250.000 евра доколку кошаркарите на Панатинаикос успеат да го елиминираат Фенербахче“ – јавува грчкиот весник „Газета“.
Првиот меч од четвртфиналната серија меѓу Панатинаикос и Фенербахче се игра во Атина вечерва со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА