Францускиот интернационалец Кевин Гамеиро се врати во составот на Атлетико Мадрид за утрешниот реванш натпревар од Лигата на шампионите против Лестер. „Јорганџиите“ имаат предност од 1-0 по првиот меч на „Висенте Калдерон“ и веќе отпатуваа на Островот, каде утре ќе го играат возвратниот дуел против англискиот тим Лестер.
Тренерот Диего Симеоне на располагање повторно го има и Гамеиро, кој отсуствуваше неколку седмици поради повреда.
„Убаво е чувството повторно да си во тимот. Одиме на уште една победа против Лестер“, порача Гамеиро.
Симеоне на денот на натпреварот ќе одлучи дали Гамеиро ќе добие шанса да биде партнер на Антоан Гризман во нападот, или пак тоа ќе биде искусниот Фернандо Торес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА