Јаник Ноа: Ѓоковиќ е „лажен“ кога сака да привлече внимание

Легендарниот француски тенисер, Јаник Ноа, смета дека поранешниот прв светски рекет, Новак Ѓоковиќ изгледа извештачено кога се обидува да привлече внимание. На Ноа не му се допаѓа начинот на кој Ѓоковиќ комуницира со навивачите кога сака да ја придобие јавноста.

„Новак постојано се обидува да ја заведе публиката. Сето тоа изгледа по малку лажно. Тој е како дете што бара внимание. Понекогаш претерува, но убеден сум дека тој е добар човек“ – оценува Јаник Ноа.

Новак Ѓоковиќ веќе со месеци е во резултатска криза во која уште од ланскиот Вимблдон не успева да ја достигне посакуваната форма и нивото на игра со кое во изминатите неколку години беше на врвот на светскиот тенис.

Секогаш се обидувам да најдам рамнотежа во сите работи и никогаш не ја ставам забавата во втор план. Тоа е многу важно за мојата личност и за животот генерално“ – вели Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер направи пауза по настапот на Индијан Велс и треба да се врати на турнирот во Монте Карло што стартува денеска.

Се вчитува...