Хјустон на свој паркет славеше убедливо против Оклахома со 118-87, на лесен начин доаѓајќи до водство во плеј-оф серијата.
Неизвесен меч во „Тојота центарот“ се гледаше само во првото полувреме кое Хјустон го доби со 59-54. А, од почетокот на второто полувреме Оклахома како да не постоеше, па домашните славеа убедлива победа.
Фантастичен беше Џејмс Харден кој постигна 37 поени, дополнето и со седум скока и девет асистенции, а одличен беше и Патрик Беверли со 21 поен, 10 скока и три асистенции. Кај Оклахома најефикасен беше Расел Вестбрук со 22 поени, 11 скока и седум асистенции.
Чикаго, пак, по возбудлива завршница дојде до гостинска победа од 106-102 против Бостон и поведувајќи со 1-0 во серијата.
Ниту една екипа во текот на целиот меч не создаде двоцифрена предност. Во последната минута, со поените на Ајзеа Томас, Бостон дојде на само два поени негатива, но Батлер од слободни фрлања ја врати предноста на 106-102, што беше доволно за победа.
Кај Бостон најефикасен беше Ајзеа Томас со 33 поени, и плус и пет скока и шест асистенции. Добра партија пружи и Ал Харфорд со 19 поени, седум скока и осум асистенции. Во победничката екипа најдобар беше Џими Батлер со 30 поени, на кои дополни и девет скока и три асистенции. Солиден беше и Миротиќ со 18 поени, и по четири скока и асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА