Ајзеа Томас во солзи и на свој начин и оддаде почит на трагично загинатата сестра

Откако во саботата на трагичен начин во сообраќајна несреќа загина неговата помлада сестра, Ајзеа Томас собра сили да истрча на терен како би го предводел Бостон во првиот натпревар од плеј-оф серијата против Чикаго.

Сестрата на Томас загина во сообраќајка во Федерал Веј во државата Вашингтон, откако нејзиниот автомобил се забил во заштитна огрда. Чајна Томас загина на само 22 свои години, а нејзиниот брат, најдобар кошаркар на Бостон, сепак играше на синоќешниот меч од плеј-офот против Чикаго.

Томас на свој начин и оддаде почит на својата сестра, излегувајќи на паркетот со специјално дизајнирани патики со написот „Чајна – почивај во мир мила сестро“ – и датумот на трагичната несреќа.

tomas

Пред мечот, Ајзеа Томас беше неутешен во солзи потсетувајќи се на својата сестра, но сепак собра сили и го одигра натпреварот…

Isaiah Thomas prije utakmice by goloviliga

Се вчитува...