Ракометарите на Вардар сосема очекувано стигнаа до нов триумф во Супер лигата славејќи во Охрид во „Билјанини Извори“ со 23-35 (13-20) во 4. коло од плеј-офот.
„Вардарци“ на тој начин максимално успешно ја завршија тројната програма од изминативе три дена, по претходните победи и против Еурофарм Работник и Пелистер.
Уште во првото полувреме Вардар покажа кој е кој, па стигна до предност од седум гола разлика (20-13). Во второто полувреме само рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста за конечни 35-23.
Во следното коло, Вардар го чека дуел со Борец, додека Охрид во 5. коло ќе игра со Пелистер во Битола.
ФОТО: www.ohridnews.com.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА