По ремито со прилепска Победа и победите над Шкупи и Македонија ЃП, во редовите на штипска Брегалница повторно владее максимален оптимизам во очекување на финишот на сезоната, и желбата да се избори посакуваниот опстанок.
Творецот на триумфот против Македонија ЃП, 20-годишниот Бобан Ѓоргиев е убеден дека Брегалница може да дојде до својата цел. Добрата форма тимот ќе се обиде да ја потврди и во сабота на натпреварот против Работнички во Скопје.
„Освоивме многу важни бодови на средбата со Македонија ЃП. Среќен сум што јас го постигнува победничкиот гол, но тоа е најмалку важно… Важна е победата. Сега не очекува тешко гостување против една од најквалитетните екипи во првенството, Работнички, која е спој на искуство и младост. Сепак, сакаме и во сабота да ја потврдиме добрата форма. Има огромен мотив во нас за надигрување со фаворитот, затоа што бодовите ни се повеќе од неопходни. Јас лично, верувам дека Брегалница и следната сезона ќе ја гледаме во Првата лига“ – вели Ѓоргиев, еден од потенцијалните кандидати и за следната генерација фудбалери во младата македонска репрезентација која од септември ја очекуваат квалификациите за ЕП во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА