Металург славеше победа на гостувањето во Велес против Борец со 32-35 и ја продолжи победничката серија и во четвртиот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф. Решавачката предност, „металузи“ ја направија уште во првото полувреме кога се одлепија и не му дозволија на домаќинот да им ја загрози четвртата победа во серија.По изедначената игра во првата четвртина, ракометарите на Металург постигнаа четири гола во серија и поведоа со 14-18, а на одмор заминаа со предност од 16-19.
„Металурзи“ го одржуваа ритамот и ефикасноста во нападот и во второто полувреме во кое стигнаа и до највисоки +7 (23-30). Борец настојуваше да се врати во игра, но до крај успеа само да го ублажи поразот на конечните 32-35.
Немања Обрадовиќ постигна осум гола и одново беше најефикасен играч во составот на Металург. Исто толку голови за Борец постигна пикерот Игор Павловски.
Во следното коло од плеј-офот, Мерталург го пречекува Еурофарм Работник, а Борец ќе му гостува на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА