Вардар го прегази Пелистер

За неполни 24 часа, ракометарите на Вардар одиграа два натпревари и славеа убедливи победи против битолските суперлигаши. По вчерашниот триумф портив Еурофарм Работник во Битола, денеска „црвено-црните“ во „Јане Сандански“ го прегазија Пелистер со 41-26, во третиот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф.

Вардарци доминираа на теренот и не му оставија многу простор на противникот да го наруши нивниот ритам. Победникот практично беше решен уште по првото полувреме кое „црвено-црните“’ го завршија со предност од 21-12.

Тренерот Раул Гонзалес повторно играше со комбиниран состав одмарајќи дел од играчите за претстојните дуели во четвртфиналето од Лигата на шампионите, но тоа не се почувствува многу во играта на домашниот тим. Пелистерци успеваа да држат чекор само во првите минути од мечот до последното изедначување на 5-5. Ракометарите на Вардар потоа комплетно ги презедоа работите во свои раце, направија недостижна предност и без многу мака, ја осигураа втората победа во плеј-офот.

16

Хорхе Македа со седум и Мијајло Марсениќ со шест гола беа најефикасни во составот на Вардар. Кај Пелистер Димитровски и Вујачиќ постигнаа по три гола.

Веќе утре Вардар му гостува на Охрид (18 ч.) што за вардарци ќе биде трет натпревар за три дена во разигрувањето за шампионската титула.

Во вториот натпревар што се игра денеска, Борец во Велес го пречекува Металург (20 ч.).

Се вчитува...