Пелистер конечно ќе може да се врати на својот стадион „Под Тумбе кафе“ во Битола… По подолг период битолчани на домашен терен ќе може да играат на 19. април, на реванш пресметката од полуфиналето во Купот на Македонија против Брегалница.
Завршуваат активностите околу изградабата на неопходните службени простории, па иако се очекуваше уште викендов фудбалерите на Пелистер да си се вратат во Битола, сепак, по последните контроли тоа ќе може најрано за во среда (19. април) и дуелот со Брегалница од 16 часот.
Во сабота, пак, Пелистер како домаќин во 27. коло од Првата македонска фудбалска лига против Шкендија ќе игра на игралиштето „Могила“ во Прилеп. Главен судија на овој меч ќе биде охриѓанецот Марјан Маркоски, а ќе му помагаат Жарко Тодоровски од Охрид и Лазе Чакароски од Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА