Македонија против Израел, Романија и Лихтенштајн на УЕФА развоен турнир во Скопје

Фудбалската федерација на Македонија од 18. до 23. април е организатор на УЕФА развоен турнир за репрезентации до 16 години. Покрај нашата селекција на турнирот кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе учествуваат и репрезентациите на Романија, Израел и Лихтенштајн.

Развојниот турнир е нова прилика за докажување и увид во квалитетите на повиканите фудбалери. Овој турнир ќе го искористиме како подготовка за октомвриските квалификации за пласман во елитната фаза на УЕФА. За мене е многу важно да видам како ќе изгледа тимот на овие три натпревари против Израел, Романија и Лихтенштајн бидејќи се друго до октомври ќе биде надополнување и финална подготовка за квалификациските дуели против Словачка, БиХ и Молдавија. На претстојниот развоен турнир Израел е фаворит за првото место, многу поквалитетна репрезентација од Романија и Лихтенштајн, но ние сме домаќини и ќе се обидеме да се надигруваме со сите“вели селекторот на Македонија до 16 години, Горан Станиќ.

Првиот натпревар Македонија до 16 години го игра на 19. април во 15:30 часот против селекцијата на Лихтенштајн.

СОСТАВ НА СЕЛЕКЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗВОЈНИОТ ТУРНИР НА УЕФА:

ГОЛМАНИ: Димитрија Герасимовски (Њу Старс), Матеј Андов (Вардар);

ОДБРАНА: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Диме Тодоровски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Личина (Работнички);

СРЕДЕН РЕД: Емил Скоко (Македонија ЃП), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Њу Старс), Џемал Ибизи (Металург), Куштрим Таири (Шкендија), Агон Елези (Шкупи), Влада Новевски (Војводина, Србија), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колашинац (Олимпија, Словенија);

НАПАД: Давид Тошевски (Работнички), Ариф Ибраим (Академија Пандев)

Се вчитува...