Борусија Дортмунд загуби од Монако (2-3) на домашен терен во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Мечот се одигра неполни 24 часа по бомбашкиот напад што се случи над автобусот на „милионерите“, а тренерот Томас Тухел вели дека во таков кус период тие не можеле да се фокусираат на играње фудбал.
„Никој не не праша дали можеме да играме, туку стигна СМС-порака од Швајцарија дека мечот ќе се одигра следниот ден. Ние не можевме тоа да го сфатиме, ниту пак некој размислуваше за фудбал. Луѓето се однесуваа како кон автобусот да фрлиле со конзерва пиво, а ние бевме нападнати со три експлозии. Се чувствувавме јадно и немоќно и гледавме како Марк го носат во болница. А веднаш по ова од нас побараа да продолжиме да функционираме како ништо да не се случило. Е, тоа не е можно“, изјави Томас Тухел на прес – конференцијата по дуелот со Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА