Атлетико Мадрид со предност од 1-0- ќе патува во Англија на реванш натпреварот против Лестер во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Диего Симеоне доминираше на „Висенте Калдерон“, но и покрај тоа не успеа да создаде поубедливо водство во првите 90 минути.
Лестер одлично се бранеше, а единствениот погодок го постигна Антоан Гризман од пенал во 28.минута од мечот. Се работеше за сомнителна ситуација и можеби за прекршок надвор од казнениот простор на англискиот тим.
1-0 Antoine Griezmann Penalty Goal 12.04.2017 HD by dailyfootballkick
Во вториот дел, Атлетико Мадрид се обиде да ја зголеми предноста, обиди имаа Торес, Гризман и Кореа, но, сепак, Лестер умешно се бранеше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА