Возачот на Мекларен и двоeн светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, ќе го пропушти гранприто во Монако поради учеството на трката Индијанаполис 500. Шпанецот доби дозвола и поддршка од тимот на Мекларен и нивниот партнер во изработката на мотори, Хонда, кои имаат тешка сезона во Формула 1 шампионатот.
35-годишниот Алонсо ќе вози болид на Мекларен со мотор од Хонда за тимот на Андрети на 28. мај, а за негова замена за трката во Монако се споменува пензионираниот Џенсон Батон. Шампионот од 2009 се пензионира од Ф1 трките, но остана како амбасадор на Мекларен.
Алонсо сака да се трка во Индијанаполис 500 бидејќи сака да ги спои трофеите од Монако, Индијанаполис 500 и Ле Ман. Тоа единствено го има направено Грем Хил во доцните шеесетти години од минатиот век.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА