Роџер Федерер и Енди Мареј во текот на вчерашниот ден им приредија моменти на задоволство на тениските „гурмани“ ширум светот играјќи ревијален натпревар од хуманитарен карактер, под името „Меч за Африка“ од кој сите приходи преку хуманитарната организација на Федерер ќе се донираат за помош и едукација на децата жители на „црниот континент“.
Федерер и Мареј најпрвин минаа триесетина минути играјќи на сплав на реката Лимат, која минува низ центарот на Цирих. Главниот настан сепак беше закажан за синоќа, кога Федерер во „лабав меч“ со бројни прекрасни поени славеше над првиот светски рекет со 6-3, 7-6.
Сепак, резултатот воопшто не беше важен колку вкупниот приход – извонредни 1,4 милиони франци, што беше собран од спонзорите и до фановите на овој хуманитарен настан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА