Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ги мине квалификациите на ВТА турнирот вреден 250.000 долари во Бил, Швајцарија.
Во последното квалификациско коло, Ѓорческа загуби од првата носителка Александра Шаснович (111. место на ВТА) од Белорусија со 6-3,6-2.
Со пласманот во третата квалификациска рунда Ѓорческа освојува нови 14 ВТА поени, иако за неа останува можноста да чека евентуален настап и на главниот турнир како „среќен губитник“ доколку некоја од тенисерките се откаже.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА