Будуќност е тимот што е најблизу до фајналфор турнирот во Будимпешта откако црногорскиот првак во првиот четвртфинален натпревар буквално го демолираше тимот на Ларвик со 31-17. Норвешкиот првак се соочува со финансиски проблеми кои дефинитивно влијаат и врз формата на тимот, а составот на Будуќност знаеше како да го казни тоа и да дојде до преубедлива победа со која практично си го осигура новиот настап на Ф4.
Црногорките го отворија натпреварот со серија од 3-0, а потоа како што одминуваше времето така и ја зголемуваа својата предност. На полувреме се замина со резултат 14-9, за во вториот дел Будуќност да заигра уште подобро во нападот и на крајот да слави со преубедливи 14 гола разлика. Кристина Неагу со десет погодоци беше главен играч на овој натпревар, Цвијиќ постигна шест, а Ирман пет гола за тимот на Будуќност.
Многу интересно беше во Мец, каде истоимената екипа успеа да го изненади големиот фаворит Ѓер, совладувајќи го со минимални 32-31. Францускиот тим има за што да жали бидејќи на десетина минути до крајот имаше и пет гола предност (28-23), но не успеа да ја задржи и на крајот мораше да се задоволи со само еден гол позитива, постигнат од Грос на седум секунди до крајот.
Токму Грос беше најефикасна кај Мец со десет погодоци, а исто толку кај Ѓер реализираше Нора Мерк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА