Вардар со победата од 3-1 против Пелистер се смести на +11 бода од второпласираната Шкендија, со што речиси сигурно си ја осигура новата шампионска титула во прволигашкото друштво.
Убав ден за дерби денеска на „Телеком арената“ во Скопје. На трибините и поранешни вардарови легенди, Панчев, Мето Спасовски, Илија Најдоски, Бајевски… На теренот погодоци кои вреди да се видат… Се на место, само уште да има сето тоа некој да го види!
На трибините на нашиот најголем стадион едвај околу 700-800 гледачи. Очигледно останува и фактот дека и „Комитите“ не се баш во најдобри односи со раководството на Вардар, па смешна бројка од околу 50 лица, веројатно означувајќи се како „Комити“ се најде на трибините на најлутата дерби пресметка која ја познава македонскиот фудбал. Барем така беше некогаш!
[new_royalslider id=”590″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА