Македонската репрезентација не успеа да се избори од следната година да се натпреварува во Втората Евро-африканска зона од Дејвис купот откако во денешното полуфинале од Третата европска зона во Созопол загуби од Луксембург со 2-1.
Во одлучавачкиот натпревар во игра на двојки, Грабул и Јотовски загубија од Кнаф и Дидерих со 1-2, по сетови 5-7,6-4,2-6.
Претходно, како што е познато Димитар Грабул загуби во мечот во поединечна конкуренција, а израмнување ни донесе Томислав Јотовски.
Македонија на крајот завршува како третопласирана селекција во Созопол. Пласман во Втората Евро-африканска зона за следната година обезбедуваат првопласираните две репрезентации на овој турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА