Дербито меѓу Вардар и Пелистер конечно на најголемиот стадион… Ама без публика!?

Вардар и Пелистер конечно ќе одиграат меѓусебна дерби пресметка на нашиот најголем стадион. Викендов, во 26. коло на „Телеком арената“ во Скопје, Вардар ќе биде домаќин на „пелистерци“.

Интересно, ова ќе биде прв натпревар сезонава меѓу двете екипи кој ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје. Во првата сезонска пресметка Вардар го пречека Пелистер како домаќин на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. И сето тоа убаво, само што погледнувајќи ја жалната слика поврзана со македонските навивачи на фудбалските терени сезонава многу лесно уште едно дерби може да ни мине без публика на трибини.

„Комитите“ не се во најдобри односи со раководството на клубот, остануваат со затворени врати за Западната трибини, па неизвесно е нивното присуство на Јужната трибина викендот, додека, токму поради реновирањето на „Телеком арената“ овој пат „Чкембари“ нема да може да бидат поддршка за својот тим.

Како и да е, „вардарци“ се во победничка серија од четири едноподруго натпревари, посакувајќи сега нова победа в недела на домашен терен.

„И покрај тоа што со триумфот над Ренова успеавме да ја зголемиме разликата на табелата, немаме намера да застанеме. Одиме на секој натпревар на победа, така ќе биде и на дербито со Пелистер. Сакаме со три бода да ја задржиме предноста на табелата пред конкурентите. Мораме да дадеме максимум затоа што против нас имаме противник кој што во своите редови има добри играчи. Нивните резултати во пролетниот дел од сезоната не се мерило за квалитетот кој го имаат. Сепак, како и секогаш влегуваме максимално за да оствариме нов триумф и да ја продолжиме нашата серија на победи. Атмосферата во екипата е одлична и сите сме подготвени да дадеме се од себе на ова дерби со Пелистер“ – вели десниот бек Владица Брдаровски кого го очекува пресметка со својот поранешен клуб.

Се вчитува...