Неверојатна единаесетта „Red Dot награда“ на Škoda

Меѓународното жири од експерти за „Red Dot награди” ги прогласија ŠKODA Octavia COMBI и ŠKODA KODIAQ за победници. Со ова, интензивно надградениот компактен автомобил и новиот голем SUV на брендот победија на еден од најпознатите и најпрестижните натпревари за дизајн во светот. Моделите на ŠKODA ја продолжуваат својата победничка низа. Oвие два трофеи се, неверојатна десеттата и единаесеттата награда со која Škoda се закитува на доделувањето на Red Dot од 2006 година па до денес.

Овие награди не прават многу горди”, изјави Карл Неухолд, раководител на Надворешен дизајн на ŠKODA. “Ние сме во потрага за убавина со едноставноста, и ја комбинираме со функционалноста и естетиката. Нашите линии се чисти и јасни, и инспирирани од бохемиското кристално стакло. Ние тоа го нарекуваме кристален дизајн. Овие детали може да се најдат во екстериерот и ентериерот. Тоа ги прави нашите модели уникатни“, додаде Неухолд.

Во новата Škoda KODIAQ и надградената ŠKODA Octavia Combi, кристалниот дизајн може да се види во структурата на предните светла. Традиционалната уметност на чешкото кристално стакло е основната инспирација за овој префинет дизајн.

Во типичен ŠKODA стил, новиот голем SUV како и компактниот бестселер воодушевуваат со вонредна пространост на внатрешен простор, иновативни решенија за поврзување и голем број нови системи за помош на возачот, кои обично се наоѓаат само во повисоките сегменти. Со овие квалитети, двата модели го освои високо истакнатиот експертски панел.

За да ја добиете посакуваната награда за дизајн, производите треба да го импресионираат на жирито во различни категории, како што се степенот на иновации, квалитет на дизајн, функционалност и компатибилноста со животната средина. Независното жири за награди на Red Dot дискутира и го оценува  секој поединец кој аплицирал во живо и на самото место. “Red Dot” во светот се смета за  печат на висок квалитет во дизајнот на производите и оваа година  по 62-ори пат и беше доделена награда. Секоја година, околу 5,000 производи се пријавуваат – овој пат од 54 земји, што го прави еден од најпознатите натпревари за дизајн во светот. Жирито сочинето од околу 40 луѓе е составено од независни дизајнери, дизајн професори и специјализирани новинари.

Единаесет трофеи на “Red Dot награди” сега ги красат витрините во Млада Болеслав. ŠKODA Octavia COMBI за првпат ја освои оваа престижна награда во 2006 година. Во 2007 година, наградата му беше доделена на ŠKODA Roomster и втората генерација на Škoda Fabia; третата генерација, исто така, ја доби наградата во 2015 година. ŠKODA исто така, обезбеди двојна победа во 2010 година – со ŠKODA SUPERB COMBI и Škoda Yeti . Во 2013 година, ŠKODA Rapid ја освои оваа награда кога за првпат го презентираше новиот дизајнерски јазик на брендот. Во 2014 година, хечбек варијантата, на ŠKODA Rapid Spaceback, исто така, ја однесе дома оваа награда.  Додека предводникот, на ŠKODA SUPERB, триумфираше во 2016 година.

Комерцијален текст

Се вчитува...