Кристијано Роналдо неодамна се пофали дека работи на својата експлозивност и на брзината со струњакот за фитнес, Саманта Клејтон (37). Ѕвездата на Реал Мадрид не случајно ја избра токму Клејтон. Таа е поранешна олимпијка која настапи за В.Британија на ОИ во Сиднеј во трките на 200 метри и на 4х100 метри, а денес е еден од најдобрите фитнес тренери во светот.
По завршувањето на спринтерската кариера, Клејтон работи со врвни спортисти токму на нивната брзина и на исхраната според стандардите и принципите на „Хербалајф“. Со оглед на тоа дека се работи за врвна атлетичарка која на ОИ во Сиднеј трчаше четвртфинале и полуфинале, спортистите што работат со неа има многу што да научат и да применат за врвна физичка подготвеност.
Саманта која со својот сопруг, поранешниот бејзбол играч, Ројс Клејтон, живее во Малибу, со Роналдо работи 20-на дена и се очекува Португалецот во финишот на сезоната да влезе поподготвен од кога и да е претходно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА