Екипата на Охрид во второто коло од ракометниот плејоф ја забележа и својата втора победаа, овојпат на домашен терен против Борец со 34-31. Гостите од Велес благодарение на беспрекорната игра во нападот одлично се држеа во првото полувреме, дури и заминаа на одмор со минимална предност од 17-18, но ракометарите на Охрид потоа ја стабилизираа играта во одбрана, направија пресврт и стигнаа до посакуваната победа.
Репрезентативниот голман Благојче Трајковски повторно имаше значајна улога во победата на охриѓани, додека во фазата на нападот најефикасни беа Блажески со седум и Адамовиќ со шест гола. Најдобар стрелец на Борец при денешниот пораз беше Илиев со девет постигнати погодоци.
Во дербито на ова второ коло од плејофот Пелистер утре ќе го пречека тимот на Металург во салата „Младост“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА