Работнички го зема скалпот на Шкендија и се зацврсти на третото место на табелата кое сигурно води во Европа. Капитенот на „романтичарите“, Душко Трајчевски, го пронајде патот до мрежата на Јовановски и на сликовит начин покажа мускули, истакнувајќи дека клубот од Дебар Маало и оваа сезона ќе го исполни планот. А, со овој пораз, на теорија се сведени шансите на Шкендија да стигне до шампионскиот пехар и да му го одземе на Вардар. „Студено“ е во Тетово, Шкендија е на ’-9’, а до крајот и нема уште многу шанси за разликата да се стопи.
Томас Брдариќ има искуство од Бундес-лигата, ама и останатите и тоа како знаат да играат фудбал во Македонија. Гоце Седлоски и неговиот Вардар итаат кон уште една шампионска титула, откако победија на гости против Ренова со 0-1.
[new_royalslider id=”574″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА