Брегалница како да е предодредена оваа сезона да победува само против Шкупи во домашниот шампионат. По цели 17 едноподруго натпревари без триумф во првенството, Брегалница конечно стигна до победа во 25. коло, и тоа убедливо со 3-0 против Шкупи во Штип.
Интересно, претходната победа на штипјани беше токму против Шкупи со 1-0, пред шест месеци. Брегалница како да знае да победува само со Шкупи.
А, овој пат, за триумфот се погрижија искусните „волци“, Ристе Наумов и Горан Здравков постигнувајќи ги сите три гола уште во првото полувреме. Најпрво погоди Наумов во 18. минута, потоа од пенал стрелаше Здравков во 26. минута, а во 44. минута Наумов со својот втор гол заокружи на 3-0…
По оваа победа Брегалница има 16 бода, и натаму на последното место на табелата, но сега со само бод зад Македонија ЃП, и шест бода зад прилепска Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА