Вардар игра неквалитетен натпревар во Тетово против Ренова, но сигурно има можност конечно по пет години да дојде до триумф на едно гостување против „гипсарите“, благодарение на голот на Дејан Блажевски во 73. минута од средбата.
Ренова имаше две одлични шанси за гол во второто полувреме, преку Јусуфи и Велија, но Блажевски е тој кој погоди и тоа со ефектен гол по удар со глава во 73. минута за водство од 0-1…, кое се покажа и доволно за победа на Вардар на гостувањето во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА