Роџер Федерер објави дека ќе ги пропушти претстојните турнири што ќе се играат на земјени терени, но тоа нема да значи и целосен одмор од тениските активности на Швајцарецот. Имено, денеска беше обелоденето дека тениската легенда ќе одигра хуманитарен меч во Сиетл на 29 април, во кој за партнер во дубл Федерер ќе го има основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Еден од противниците на овој дубл ќе биде Џон Изнер, кој дополнително ќе го објави името на својот партнер во овој хуманитарен меч. Воедно, Изнер ќе одигра и сингл дуел против Федерер како дел од овој хуманитарен настан од кои сите средства ќе бидат наменети за хуманитарната организација на Швајцарецот, која помага за собирање на средства за едукација на децата ширум Африка.
Федерер игра извонредно оваа натпреварувачка сезона, закитувајќи се со трофеите на Австралија Опен и на Мастерс-турнирите во Индијан велс и во Мајами. По триумфот во Мајами тој изјави дека се чувствува преморен по настапите во последните неколку месеци и нема да настапува на следните турнири на земјена подлога се до Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА