Пелистер и Силекс денеска во Охрид на стадионот „Атина Бојаџи“ од 16 часот се соочуваат со пресметка која во голема мера може да одлучи околу натамошните шанси и на двата клуба за европски излез.
Кратовци, под водство на Жикица Тасевски, извонредно играат во пролетниот дел од сезоната, па иако таму некаде на почетокот од сезоната отпишани во трката за Европа, сега и тоа како се јавуваат со свои математики.
Главен адут на Силекс во битката за бодови денеска во Охрид е секако српскиот интернационалец Игор Недељковиќ кој со 12 гола во моментов е на второто место на листата на најдобрите стрелци, зад Бесарт Ибраими.
Но, Недељковиќ на четирите претходни меча против Пелистер сезонава, две во првенството и две во Купот, не се запиша во листата на стрелците. Дали е можеби време и за тоа?
„Ако искрено се прашувам немам проблем и натаму да не бидам стрелец против Пелистер, но само ако денеска во Охрид ги освоиме трите бода. Според мене овој меч многу ќе значи околу натамошната битка на двата тима за Европа. Ние си имаме свои размислувања иако знаеме дека не чека многу тежок натпревар. По претходните три порази, Пелистер сега силно ќе се бори за триумф, но ние знаеме што сакаме од дуелот во Охрид“ – вели Недељковиќ.
ФОТО: www.aberdzija.com
ДВОЈКИ – 25. КОЛО (денеска, 16 часот)
СКОПЈЕ: Работнички – Шкендија
ТЕТОВО: Ренова – Вардар
ОХРИД: Пелистер – Силекс
ШТИП: Брегалница – Шкупи
Ѓ.ПЕТРОВ: Македонија ЃП – Победа
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА