Фиорентина е одлучна да ја задржи својата „десетка“ во клубот и покрај интересот од италијанските гиганти. Федерико Бернардески сезонава игра фантастично за тимот од Фиренца, па не е ни чудо што Јуве и Интер го бараат Италијанецот во своите редови.
23-годишниот италијански репрезентативец веќе стигна до бројката од 10 погодоци во Серија А, при тоа асистираше на четири, но најголем впечаток остави неговиот индивидуален приказ на теренот. Во оваа турбулентна сезона за „виолетовите“, тој и Калиниќ се носителите на Фиорентина.
Неговиот договор истекува во 2019 година,а се очекува да потпише нова, петгодишна соработка од која ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона. Сепак со потписот на Бернардески, Фиорентина нема комплетно да го осигура играчот. Тој сака да игра Лига на Шампиони, што значи дека неговата иднина зависи од амбициите на клубот и како ќе се гради во следните сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА