Поранешниот тенисер, Илија Настасе упати сериозни обвинувања за употребата на допинг во „белиот спорт“ , посочувајќи ја посебно Серена Вилијамс. Романецот реагира и на суспензиите за руските спортисти поради допинг, што според него има драстично влијание на спортот.
„Имиџот на Русија во светот е многу нарушен поради допингот, но се е потполно јасно кога е Серена Вилијамс во прашање. Зарем не гледате како изгледа? Кога станува збор за допингот, никој не ги контролира Американците. Ако се дознае вистината, ќе исчезнат големите турнири и сите спонзори ќе се повлечат. Тоа не може ни да се замисли“ – истакнува поранешниот тенисер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА