Бодот на гостувањето против Победа во Прилеп, од дуелот со директниот конкурент за опстанок, донесе повторно надеж во редовите на Брегалница дека може да се стигне до опстанокот во прволигашко друштво.
Под водство на новиот тренер Никола Кузманов, штипјани стигнаа до реми без голови кои пред се е силно мотивациско за продолжението од првенството.
„Ова реми во Прилеп ни носи дополнителна верба дека можеме до опстанокот. Ако продолжиме со таква игра и на следните натпревари сигурно ќе се создадат шанси за останување во Првата лига“ – вели Лазар Илиев, кој жали што не се дошло и до триумф на лошиот терен за игра на стадионот на Могила.
„Игравме на очаен терен на кој не може да се демонстрира некаква квалитетна игра. Но, покажавма максимална борбеност до крајот кога во финишот имавме и шанси да дојдеме и до победата“ – дополнува Илиев.
Брегалница сега има 13 бода на последното место на табелата, со осум бода заостанување зад Победа која е на местото кое води во баражот за останување во елитното друштво. Веќе во среда, од 16 часот, во 25. коло Брегалница во Штип го пречекува Шкупи, тимот против кого ја запиша последната победа во првенството на 25. септември минатата година кога славеше со 1-0. Од тогаш цели 17 натпревари едноподруго Брегалница нема триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА