Ночиони оди во пензија на крајот од сезоната

Аргентинскиот кошаркарски интернационалец и член на Реал Мадрид, Андрес Ночиони, одлучи да стави крај на својата богата кариера по истекот на оваа сезона. Тој одлуката ја соопшти на Твитер, и тоа на мошне интересен начин.

„После толку битки, одлучив да престанам да ги фрлам шишињата со вода секој пат кога ќе ме заменат, поливајќи ги со вода сите соиграчи и стручниот штаб“, напиша шеговито Андрес Ночиони.

Тој е член на Реал Мадрид од 2014 година, освои трофеј во Евролигата со „кралскиот клуб“, како и злато со селекцијата на Аргентина на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Се вчитува...