Бразилецот Рафиња нема да биде дел од составот на Барселона во наредните триесетина денови откако заработи повреда на десното колено на синоќешниот меч од Примера против Гранада (1-4). Тој се повреди уште во првото полувреме и ја напушти играта, а лекарскиот тим утврди дека се работи за повреда на менискусот на коленото. Со оглед дека Рафиња веќе има правено операција на истото колено, одлучено е оваа повреда да се лекува конзервативно.
Играчот за врска на Барселона ќе го пропушти четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите против Јувентус, како и „Ел Класико“, дуелот со Реал Мадрид, кој е закажан за 23 април. Можно е да се врати на терените седум дена подоцна, на натпреварот против градскиот ривал Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА