Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го запиша најдобриот свој ранкинг на ВТА листа во својата кариера.
На најновата ранкинг листа, Ѓорческа напредуваше за пет позиции, па оваа недела во поединечна конкуренција ќе биде на 187. место. На листата за игра во двојки, македонската тенисерка е на 137. место.
Ѓорческа изминатиов викенд ја освои својата прва титула во 2017 година. Во комбинација со Американката Пара Бернарда, славеа на турнирот во двојки во Италија.
Водечка на ВТА листата е Анжелика Кербер пред Серена Вилијамс, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Доминика Цибулкова, Гарбиње Мугуруза и Џоана Конта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА