Сите четвртфиналиња во ЛШ: Барса на Кил, ПСЖ на Пик Сегед…

Со одигрувањето на реванш натпреварот меѓу Фленсбург и Мешков Брест познати се сите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Најголемо внимание кај нас сигурно ќе привлече пресметката меѓу Вардар и Фленсбург, во која македонскиот првак ќе се обиде да му се одмазди на германскиот состав за елиминацијата пред три сезони во истата оваа фаза од натпреварувањето. Тогаш Фленсбург во драматичен финиш во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да се пласира на Ф4 во Келн, каде потоа стигна и до титулата европски шампион.

Барселона ќе се сретне со Кил во репризата на ланското четвртфинале меѓу овие два тима во кое „зебрите“ го шокираа каталонскиот гигант, кој дотогаш важеше за европски првак. Кире Лазаров, Борко Ристовски и соиграчите добиваат можност за одмазда против тимот кого веќе два пати сезонава го победија во рамките од групата А, но на каталонците им е јасно дека ова ќе бидат две сосема поинакви средби со многу поголем влог.

ПСЖ, кој важи за еден од фаворитите за титулата, ќе се сретне со Пик Сегед, додека ракометарите на Монпелје по елиминацијата на Кјелце ги очекува двомеч со унгарскиот гигант Веспрем.

Се вчитува...