Лос Анџелес клиперс ја доби градската пресметка со ЛА лејкерси со 115-104, продолжувајќи ја битката со Јута џез за четвртото место во Западната конференција. Клучна беше третата четвртина што клиперси ја добија со убедливи 36-22, создавајќи си доволна предност за рутински да го привршат мечот. Крис Пол беше незапирлив за „езерџиите“ завршувајќи го натпреварот со 29 поени и 12 асистенции, додека најефикасен на натпреварот беше Блејк Грифин со 36 поени.
Портланд славеше на домашен терен над Феникс со 130-117, зацврстувајќи се на осмото место на „западот“. Домашниот тим настапи без повредениот Нуркиќ, но и во отсуство на центарот од БиХ сепак успеа да стигне до посакуваниот триумф. Лилард беше прв стрелец на Портланд со 31 поен, два повеќе од Меколум.
Резултати НБА:
ЛА клиперс – ЛА лејкерс 115-104, Чикаго – Атланта 106-104, Бруклин – Орландо 121-111, Минесота – Сакраменто 117-123, Портланд – Феникс 130-117.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА