Голем инцидент се случи на второлигапкиот натпревар меѓу Новаци и Вардар Неготино, кога неслужбено лице ја прескокна оградата и го удри претставникот на гостинскиот тим, Горан Гогов. Тој беше во бессознание, судијата ја прекина средбата, имаше мачни сцени, а дури откако дојде возило на Брза Помош и интервенираше, мечот беше продолжен до крајот. На крајот заврши 1-1, но резултатот е во втор план, по големиот инцидент.
Еуромилк стигна до триумф од 2-0 на домашен терен против Тиквеш и единствен освои три бода на денешните натпревари од второлигашката фудбалска конкуренција. Андреј Кудијан во 14.минута ги доведе домашните во водство, а Андриан Чаволи во 81.минута го потврди триумфот.
ФК Скопје одигра само 1-1 протув Велазерими и не успеа да се доближи до лидерот Академија Пандев, кој утре го пречекува Металург. Фуркан Али донесе предност за Велазерими, но Ѓоко Алексовски израмни уште во првото полувреме. Сепак, Фк Скопје не успеа да стигне и до триумф.
Новаци исто така одигра 1-1 на домашен терен против Вардар Неготино, а на крајот имаше и инцидент. Симјановски во 66.минута го изненади домашниот тим, но Благојче Марковски израмни четири минути подоцна. Новаци тргна по победа, но во финишот беше физички нападнат еден претставник на гостинскиот тим.
Хоризонт Турново и Тетекс одиграа реми без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА