Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Едгардо Бауза, се соочува со отказ, откако „гаучосите“ со поразот во Боливија го загрозија својот пласман на Светското првенство во Русија следната година. Аргентина падна на петтата позиција во квалификациите во Јужна Америка за мундијалот во Русија, а до крајот остануваат уште четири кола. Тоа петто место носи бараж со селекција од Океанија, кој Аргентина секако сака да го избегне.
Токму поради ова челниците на аргентинскиот фудбал се очекува во наредните денови да му дадат отказ на Едгардо Бауза, а како негов наследник се споменува Хорхе Сампаоли, сегашниот тренер на Севилја, кој е еден од омилените стратези на Лионел Меси, и кандидат и тренер на Барселона од следната сезона.
Бауза откако го презеде кормилото на Аргентина на осум натпревари оствари три победи, имаше две ремија и три порази. Последниот од Боливија најверојатно ќе биде и кобен за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА