Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти вели дека двајцата негови фудбалери кои поради повреди ќе го пропуштат утрешниот дуел со Аугсбург ќе бидат подготвени за мегдан со Реал Мадрид.
„Операцијата на Мануел Нојер мина добро, се надевам дека ќе биде подготвен за Дортмунд следната недела, а за Реал Мадрид ќе биде сигурно подготвен. И Даглас Коста нема утре да игра, оваа недела тренираше индивидуално а следната ќе се приклучи на екипата. Задоволни сме што и тој ќе биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид“ – истакна Анчелоти, осврнувајќи се и на шпекулациите за трансфер на Кимих и Коста.
„Нема шанси Кимих да го напушти клубот, а и Коста ни е многу важен за во иднина, па сигурно и тој останува“ – вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА