Младите вардарки „раситнија“ 50-ка против Пелистер!

Ракометарките на Вардар СЦЈС славеа убедлива победа против Пелистер со 52-13 и станаа првиот тим сезонава што ја надминал границата од 50 гола на еден натпревар во женската Супер лига. Младите вардарки беа голгетерски расположени и во претходниот натпревар од Супер лига во кој постигнаа 43 гола против ЖРК Прилеп.

Да биде куриозитетот поголем, најефикасната ракометарка во составот на Вардар СЦЈС, Анастасија Николовска, постигна 17 гола, четири повеќе од целиот тим на Пелистер.

Битолскиот тим формално беше домаќин на овој натпревар, но поради реконструкцијата на салата „Младост“, тој по договор на двете екипи се одигра во Скопје.

Вардарки беа апсолутно надмоќни уште од почетокот на натпреварот поведувајќи со 9-0. Ракометарките на Пелистер тешко доаѓаа до погодок и по првото полувреме имаа постигнато само 4 гола и негатива од -21 (4-25). Ефикасната серија на вардарки продолжи и во второто полувреме и на крај „црвено-црните“ славеа рекордна победа сезонава.

Покрај Николовска која беше играч број еден на теренот со 17 гола, во составот на Вардар СЦБТ, Бојаџиска постигна 9, а Станиќевска додаде 6 гола. Кај Пелистер најефикасна беше Јанкуловска со 5 погодоци.

Табела: ЖРК Металург 45(-1), Вардар СЦЈС 45, Куманово 33, ЖРК Прилеп 18 (-2), Овче Поле 12 (-1), Гевгелија 9 (-2), ЖРК Пелистер 6 (-1).

Се вчитува...