Женската ракометна репрезентација на Македонија на 21 април ќе ги дознае противниците во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2018 во Франција. Квалификациските групи ќе бидат одредени со ждрепката што ќе се одржи во Париз.
Македонија е сместена во третиот шешир заедно со селекциите на Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција.
Во првиот шешир се носителите на групите: Норвешка, Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија и Црна Гора.
Во вториот шешир се: Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка и Хрватска, а во последниот шешир се: Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија и победниците од двете претквалификациски групи.
Со ждрепката ќе бидат одредени седум групи со по четири репрезентации. Првите две селекции од секоја група и најдобрата третопласирана репрезентација ќе обезедат учество на ЕП 2018 во Франција. Директен пласман на шампионатот има само домаќинот Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА