Поранешниот соигач на Кристијано Роналдо во Мадеира, Рикардо Сантош, открива интересни детали од почетокот на кариерата на славниот фудбалер и малку познатиот прекар што го имал во детството. Фудбалерот на Реал Мадрид, денес и не се гордее премногу со прекарот што му го дале соиграчите во детството, го викале „Плачко“
Роналдо е познат како голем победник, некој кој со сите сили се бори да постигне гол, но во своите почетоци знаел и да претера во сето тоа, па на соиграчите често им се лутел ако не му ја додадат топката. На своите соиграчи од детството знаел често да им приговара, па дури и да заплаче.
„Роналдо отсекогаш сакал да победува, баш како и денес. Кога немаше да победи или кога некој од сограчите не му ја додаваше топката, знаеше и да заплаче. Поради тоа го викавме „Плачко“– се присетува Рикардо Сантош.
Воден од големата желба за победи, Роналдо стана еден од најдобрите фудбалери во светот. На 32-годишна возраст, славниот Португалец има освоено 19 титули со своите клубови и со репрезентацијата на Португалија и досега четири пати ја освои најпрестижната фудбалска награда, „Златната топка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА