Победите се веќе рутина за младите репрезентативци (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година оствари уште една победа, како најава за настапот на ЕП, совладувајќи ја Бугарија со 1-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на тренинг – центарот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот. Избраниците на Благоја Милевски прикажаа доминантна игра во првото полувреме, кога Марјан Радески го постигна и победничкиот погодок на оваа средба. Во вториот дел, селекторот им даде шанса и на помладите, од новата генерација, кои треба да го преземат и да го продолжат победничкиот дух и во наредниот период.

Затоа што за Давид Бабунски, Бобан Николов, Дарко Велковски и останатите од „херојската“ генерација, победите се веќе рутина…

[new_royalslider id=”563″]

Се вчитува...