На стартот на второто полувреме се случи инцидент на влезот на трибината на стадионот на тренинг центарот “Петар Милошевски” кога еден навивач беше спречен да влезе.
Расправијата со обезбедувањето се претвори во вистинска физичка пресметка. Интересот на фановите беше очигледен за овој меч, но организацијата очигледно потфрли. Жално е кога редарските служби си доделуваат и на себе многу поголема улога од законската, надминувајќи ги сопствените овластувања. А жално е што не се знае на лице место да се изврши поголема проценка на ситуацијата, па да се дозволи на сите кои веќе дошле да ги видат своите херои. И новинарските екипи кои дојдоа во поголем број немаа доволно места за да информираат од своите позиции, оставени сами на себе да се снаоѓаат по трибината.
Во период кога младите репрезентативци ќе одат на Европско првенство, сите посакуваме вистинска промоција на нашиот млад национален тим. Дали ни е потребно ова?
[new_royalslider id=”561″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА