Младата репрезентација на Македонија за играчи до 18 години не успеа со победа над Норвешка да дојде до првото место на турнирот „Четири нации“ во Рига, Летонија. Но, ако нешто е за утеха, Македонија го има најдобриот стрелец на турнирот во името на Димитар Митровски кој и тоа како го привлече вниманието на присутните европски скаути во Рига.
18-годишниот Митровски, кој од јануари оваа година е член на еден од најдобрите португалски клубови Спортинг Лисабон, со четири гола од трите натпревари се издвои на турнирот во Летонија од македонската селекција…
„Одигравме квалитетен турнир, но за жал испуштивме победа против силната селекција на Украина, а против Норвешка одигравме рамноправен натпревар но дозволивме поради наши грешки пораз“ – вели Митровски.
Од четирите погодоци на Митровски сигурно се издвојува голот против Украина…
Но, и оној последниот на пресметката со Норвешка…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА