ЦАС објасни за Адеми: Намалување на казната поради ненамерно користење „Станозолол“

Судот за арбитража во спортот во Лозана (ЦАС) денеска и официјално ја објави одлуката за намалување на четиригодишната суспензија на македонскиот фудбалски репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми, на две години. Неговата конечна суспензија ќе истече на 7 октомври 2017 година, и тој повторно ќе може да му се врати на професионалниот фудбал. Само еден ден претходно Македонија ќе игра против Италија во Удине, а на 9 октомври пак ќе го пречека Лихтенштајн во Скопје. Тоа би можел да биде и првиот меч за Адеми по враќањето од суспензијата, иако можно е да биде побарано да настапи и против Италијанците. Сепак, со оглед на рејтингот на „аѕурите“, прашање е дали ЦАС би дозволил „помилувањето“ да биде скусено за два дена пред дефинитивниот термин.

ЦАС во своето образложение на одлуката истакнува дека жалбата на Аријан Адеми на четиригодишната суспензија е делумно уважена и казната е намалена на две години, поради ненамерно користење на супстанцата „Станозолол“, која беше утврдена во неговиот организам, на допинг – тестот по мечот со Арсенал во Лигата на шампионите. Тој беше суспендиран на 7 октомври 2015 година и ќе има право повторно да игра професионален фудбал на 7 октомври 2017 година.

Сепак, ова е многу подобра вест за самиот Аријан Адеми, но и за Динамо Загреб и за македонската фудбалска репрезентација. Тој треба да одлежи уште седум месеци од казната, а потоа и конечно да му се врати на професионалниот фудбал. Пред суспензијата, Адеми имаше речиси договорен милионски трансфер во италијанскиот калчолигаш Торино и беше капитен на Динамо Загреб.

cas - odluka za ademi

Се вчитува...